Thursday, March 22, 2012

22Март -Светски ден за заштита на водите

22Март -Светски ден за заштита на водите
одбележан со проектот „Капка што живот значи“

Постојат многу едноставни работи што може да ги направите за да заштедите вода.
Кога ги миете рацете, додека се сапунисувате, не ја оставајте водата да тече.
Затворете ја водата откако ќе ја намокрите вашата четка за заби и заштедете 95 литри вода месечно. Нема потреба да ја оставите водата да тече додека ги четкате забите. Само намокрете ја вашата четка и наполнете чаша со вода за плакнење на устата. Да за​​штедите и вода и време, мијте си го лицето или четкајте заби додека се туширате.
Туширајте се пократко. Еден од начините да се намали користењето на вода е да го запрете течењето на вода додека се сапунисувате, а потоа да ја пуштите водата и да се исплакнете. Друг начин за заштеда е да ја замените главата на тушот со верзија која има ултра низок проток на вода. 
Андреј Кудијан 8б

Од работилницата за значењето на водата и потребата за нејзино штедење.

Wednesday, March 21, 2012

ЕКО АКЦИЈА

Активности од денешната еко акција


Среќен прв пролетен еколошки ден




Среќен прв пролетен ден ,ден за заштита на животната средина, ден на екологијата.
Нека ова прекрасно дрво  не потсетува дека не само денес , туку целата година треба да  се грижиме за животната средина, ако не сакаме да да не снајде следново.