Thursday, March 22, 2012

22Март -Светски ден за заштита на водите

22Март -Светски ден за заштита на водите
одбележан со проектот „Капка што живот значи“

Постојат многу едноставни работи што може да ги направите за да заштедите вода.
Кога ги миете рацете, додека се сапунисувате, не ја оставајте водата да тече.
Затворете ја водата откако ќе ја намокрите вашата четка за заби и заштедете 95 литри вода месечно. Нема потреба да ја оставите водата да тече додека ги четкате забите. Само намокрете ја вашата четка и наполнете чаша со вода за плакнење на устата. Да за​​штедите и вода и време, мијте си го лицето или четкајте заби додека се туширате.
Туширајте се пократко. Еден од начините да се намали користењето на вода е да го запрете течењето на вода додека се сапунисувате, а потоа да ја пуштите водата и да се исплакнете. Друг начин за заштеда е да ја замените главата на тушот со верзија која има ултра низок проток на вода. 
Андреј Кудијан 8б

Од работилницата за значењето на водата и потребата за нејзино штедење.

No comments:

Post a Comment