Thursday, March 22, 2012

22Март -Светски ден за заштита на водите

22Март -Светски ден за заштита на водите
одбележан со проектот „Капка што живот значи“

Постојат многу едноставни работи што може да ги направите за да заштедите вода.
Кога ги миете рацете, додека се сапунисувате, не ја оставајте водата да тече.
Затворете ја водата откако ќе ја намокрите вашата четка за заби и заштедете 95 литри вода месечно. Нема потреба да ја оставите водата да тече додека ги четкате забите. Само намокрете ја вашата четка и наполнете чаша со вода за плакнење на устата. Да за​​штедите и вода и време, мијте си го лицето или четкајте заби додека се туширате.
Туширајте се пократко. Еден од начините да се намали користењето на вода е да го запрете течењето на вода додека се сапунисувате, а потоа да ја пуштите водата и да се исплакнете. Друг начин за заштеда е да ја замените главата на тушот со верзија која има ултра низок проток на вода. 
Андреј Кудијан 8б

Од работилницата за значењето на водата и потребата за нејзино штедење.

Wednesday, March 21, 2012

ЕКО АКЦИЈА

Активности од денешната еко акција


Среќен прв пролетен еколошки ден




Среќен прв пролетен ден ,ден за заштита на животната средина, ден на екологијата.
Нека ова прекрасно дрво  не потсетува дека не само денес , туку целата година треба да  се грижиме за животната средина, ако не сакаме да да не снајде следново.

 

Tuesday, March 20, 2012

ПРИСТИГНА ПРОЛЕТТА

Денес во 6 часот и 24 минути пристигна пролетта.

 

Збогум на зимата, следуваат вистински пролетни денови

Внимавајте на  синдромот пролетен умор кој и покрај доволно квалитетен сон, влијае на вашата работна способност, концентрација, расположение.Една од причините е несоодветната исхрана која за време на зимскиот период обично се базира на смрзнато или отстоено овошје или зеленчук и истоличната исхрана. Притисокот се спушта поради недостаток на витаминот Ц, кој е задолжен за кислородот во ќелиите и ткивата.Поради тоа ни “паѓа“ имунитетот, склони сме на вирозни заболувања и вечно уморни до таа мерка дека се изморуваме и после кратка прошетка.

За да ги избегнете овие несакани состојби, организирајте си го животот така да станувате порано, раздвижувајте се, прошетајте го кучето, одете на работа со велосипед или пешки.
Појадувајте обилно, ручајте зеленчук, изберете некој производ за будење(цимет, банана, лешник, мед) за ужина и прескокнете ја вечерата.
После пладне пред телевизорот заменете го со прошетка или вежбање. Навечер легнете си порано, по можност секоја ден во исто време, за да се одморите за истиот ритуал следниот ден. 

 

Monday, March 19, 2012

Цветови од хартија

Еве неколку идеи за правење на цветови од хартија .

Булки од хартија:

1 чекор


2 чекор
3 чекор
4 чекор

Friday, March 16, 2012

Програма за реализација на проектот Еко училиште


OU,,Jan Amos Komenski -Skopje


Programa za realizacija na proektot ,,Eko u~ili{te
za u~ebnata 2011/2012

1.Voved

Програмата  ,,Eko u~ili{te jasno go opredeluva na~inot na koj nastavnite sodr`ini za za{tita na `ivotnata  sredina koi se del od nastavnata programa  }e se primenuvaat  vo sekojdnevniot `ivot  vo na{eto u~ili{te.Vakviot pristap }e im pomogne na u~enicite da ja razberat va`nosta na podignuvaweto na ekolo{kata  svest  kaj  sekoj poedinec  .Posebno zna~ewe preku ovoj proekt mu se posvetuva  na pra{aweto za namaluvawe i reciklirawe na otpadot,racionalno koristewe na energijata ,vodata i ureduvaweto na u~ili{teto  , u~ili{niot dvor i najbliskata negova okolina.Site u~esnici vo proektot  u~enicite,nastavnicite,direktorot, pedago{kata slu`ba ,tehni~kiot personal,roditelite i predstavnici od lokalnata zaednica zaedni~ki }e prevzemat pove}e prakti~ni ~ekori  koi }e pridonesat za  po~ista i pozdrava `ivotna sredina.



2.Celi na proektot vo u~ili{teto:

1.     Namaluvawe  i reciklirawe na otpadot .
2.     Racionalna upotreba i za{teda na energija.
3.     Racionalna upotreba i za{teda na voda .
4.     Razvivawe na svesta za zna~eweto na ekolo{ki zdrava i ~ista sredina.
5.     Razvivawe na qubov kon `ivotnata sredina.
6.     Razvivawe na ve{tini za donesuvawe na odluki i pogolemo u~estvo na u~enicite vo prevzemawe na akcii za za{tita na `ivotnata sredina.
7.     Podobruvawe na sorabotkata pomegu u~ili{teto ,lokalnata zaednica ,biznis sektorot,nevladini organizacii i mediumite.
8.     Pogolema gri`a  za zdravjeto na u~enicite i vrabotenite vo u~ili{teto.

Healthy food

Healthy food

There is an expression that says: “hygiene is a half health”. That is correct, but what with another half. For the other half we should care what we eat. To be healthy  we have to eat healthy food. And what is healthy food?
We all know that we should consume carbohydrates, vitamins and proteins.
Carbohydrates are in all cereals, corn, rice, potatoes, so we have to eat these products every day. They give us energy to carry out school and out-of-school activities. We also should take sugar, and it is in sweets and chocolate, so we can eat it in normal amounts.
We need the vitamins. They are in fruits and in vegetables. Every morning we should eat some fruit, as an apple, an orange, a grapefruit or a banana. They have a lot of vitamins that help us stay healthy during cold winter days. The vegetables have vitamins too, as tomatoes, peppers, cabbage, carrots, cucumbers, which are rich with minerals also. So, we have to eat them every day. I know, the onion and garlic don’t have a pleasant smell, but we have to eat them too.
We, the, boys, want to look nice and strong. That’s why we practice a lot and play different sports. But that is not enough. For the healthy development of the body we need proteins. They are in meat, milk, yogurt, cheese, eggs.
All of this we have to eat every day and to drink a lot of water and natural juices.
I know, the fast food, as hotdogs, hamburgers, pizza, chips, are not healthy, and we should not eat them very often but maybe sometimes, because they are delicious.
Finally, I must say: “In a healthy body, healthy mind”. 

By:
Tofilovski Filip 6a/8

Zdrava hrana

Ima edna izreka koja veli: Higienata e polovina zdravje. Toa e to~no, no {to se drugata polovina. Za drugata polovina treba da se gri`ime so {to se hranime. Za da bideme  zdravi mora da se hranime so zdrava hrana, A {to e zdrava hrana?
Site znaeme deka mora da konsumirame jagleni hidrati, vitamini i proteini.
Jaglenite hidrati gi ima vo site `itarici, p~enka, oriz, kompir, i zatoa mora ovie produkti sekojdneno da gi vnesuvame vo organizmot. Tie ni davaat energija za da gi izvr{uvame site u~ili{ni i von-u~ili{ni aktivnosti.  A treba da vnesuvame i {e}er, a nego go ima vo kola~ite i ~okoladoto, po mo`eme da vneseme i toa , no vo normalni koli~ini.
Ni trebaat i vitaminи. Niv gi ima vo ovo{jeto i zelen~ukot. Sekoe utro treba da jademe ovo{je, kako jabolko, portokal, citron, banana. Vo niv ima mnogu vitamini koi ni pomagaat da ostaneme zdravi vo ladnite zimski denovi. Vitaminite gi ima i vo zelen~ukot, kako domatot, piperkata, zalkata, morkovot, krastavicata, koi se bogati i  so minerali.  Znam deka kromidot i lukot nemaat prijatna mirizba, no mora i niv da gi konsumirame.
Nie, mom~iњata sakame da izgledame ubavo i silno. Zatoa mnogu ve`bame i odime na razni sportovi. No toa ne e dovolno. Za zdrav razvoj na teloto potrebni ni se и  proteini. Niv gi ima vo mesoto, mlekoto, jogurtot, sireweto, jajcata.
Seto ova mora sekojdnevno da go jademe, i da pieme mnogu voda i prirodni sokovi.
Znam deka brzata hrana, kako hotdog, hamburger, pica ~ips, ne e zdrava, i ne treba da ja jademe, mo`ebi ponekoga{  bidejki e mnogu vkusna.
Na kraj moram da ka`am -Vo zdravo telo, zdrav  um.

Izrabotil:
Tofilovski Filip 6a/
 од секцијата по англиски јазик

Thursday, March 15, 2012

ЕКО КАЛЕНДАР

ЕКО КАЛЕНДАР


16 септември
Меѓународен ден за заштита на озонската обвивка
22 септември
Меѓународен ден без возила
26 септември
Светски ден на чисти планини
04 октомври
Светски ден за заштита на животните
08 октомври
Меѓународен ден за намалување на уништувањето на природата
15 октомври
Светски ден на пешаците
16 октомври
Светски ден на храната
17 октомври
Меѓународен ден за образование на сиромашните
08 ноември
Меѓународен ден на урбаните животни средини
27 ноември
Меѓународен ден против потрошувачката треска
29 декември
Меѓународен ден на биодиверзитетот
05 март
Светски ден за заштеда на енергија
21 март
Ден на пролетта кога започнуваат активностите за заштита на околината
21-28 март
Денови на пролетта за заштита на околината
22 март
Светски ден за заштита на водите
17 април
Светски ден на здравјето
22 април
Светски ден на планетата Земја
15 мај
Меѓународен ден за заштита на климата
24 мај
Светски ден против пушењето
05 јуни
Светски ден за заштита на околината

Wednesday, March 14, 2012

Здраво ,а вкусно.

ЗДРАВА ХРАНA



Здравата исхрана е важен дел од здравиот начин на живот. Правилната исхрана комбинирана со редовна физичка активност може да го унапреди вашето здравје. Информациите за одредени диети, исхрана и здрава храна можат да ви бидат од помош особено кога изворот на информации е нов и проверен.
Исхраната може да изгледа сложена,
 но следејќи ги основните напатствија ви се зголемува можноста за здрав живот и помага да го намалите ризикот на појава на многу болести. 

Насоки за здрава исхрана
Следете ја пирамидата на здрава исхрана


Важни вистини
  1. Правилната исхрана е важна за добро здравје
  2. Здравата храна ви помогнува во намалување на ризикот од одредени здравствени проблеми
  3. Посакуваната, соодветна тежина може да ја постигнете преку диета и вежбање
  4. Правилната исхрана вклучува многу свежо овошје, зеленчук




Македонската кујна изобилува со богата и разновидна трпеза. Со одредени рецепти кои ќе ви ги предложиме ќе успееме да ви направиме правилна комбинација на храната и сепак да уживате во јадењето, а да не ги зголемите вашите килограми.

Ако за вашата трпеза сакате да приготвите
сарма, таа нека биде направена или само од ориз или само од месо, но никако во комбинација од месо и ориз. Комбинацијата на јаглехидратот и протеинот на еден оброк дефинитивно го оптоварува метаболизмот и организмот. Во сармата со ориз наместо месо можете да додадете соја, која е соодветна замена за месо, а сепак е во правилна комбинација со оризот.




Задолжително на трпезата да биде застапена свежата салата која ќе биде составена од микс на свежи разновидни зеленчуци. На пример: комбинацијата од зелката , цвеклото, морковот, белата трупка, ротквицата...
Зашто токму цвеклото? Цвеклото е најдобро средство за подмладување и ревитализирање на организмот, ја зацврстува кожата, ги јакне коските, ги елеминира отровните состојки од организмот, ги неутрализирана вишокот на желудечни киселини, а на тој начин ги искористува и белковините, активира создавање на црвени крвни зрнца,  ја подобрува косата, ноктите, ја решава опстипацијата- отежнатото празнење на цревата (запек), а најважно од се донесува оптимистичко расположение. Цвеклото изобилува и со силициум, кој што го појачува врзивното ткиво во организмот, изобилува со фолна киселина и калиум. Како препорака секогаш цвеклото јадете го во свежа состојба - сирово. Сите оние кои неможат да го комзумираат цвеклото во свежа форма, можат да пијат сок од природно цедено цвекло, во комбинација со разноврсно овошје и зеленчук. Наш совет за сите оние кои не го поднесуваат мирисот на цвеклото е да го купуваат што помало затоа што тоа цвекло нема да ја поприми миризбата на земја.

Ако сте љубители на
месо и ако треба да изберете меѓу свинско и телешко месо изберете го телешкото или јагнешкото. Пригответе преубава турли тава со месо и разноврсни зеленчуци во кои нема да има компир, боранија и грашок. Нека изобилува брокулата, карфиолот, морковот, доматот, пиперката, зелката...

Збор два за брокулата...
Овој зелен зеленчук е многу ретко застапен во нашата македонска кујна, а преставува бомба од хранливи продукти.
Брокулата е најдобар антистресен зеленчук и се препорачува кај сите што се под стрес, кај спортистите, кај децата во развој. Одлична е и за заштита на слузницата ако се јаде барем 3 пати во неделата, особено за заштита на цревната слузница. Изобилува со железо, богата е со Ц-витамин и го заштитува срцето. Ќе Ви овозможи да го елиминирате вишокот на задржаната течност во организмот, а на тој начин ќе ги елиминира токсините од организмот.
Пијте големо количество на
природно цедени сокови од овошје и зеленчук секогаш разблажено со вода.


П.С.  Многу е важно што влегува во устата , но не заборавајте исто така е важно и што излегува од неа.

ПРОЧИТАЈ И ПРИМЕНИ

Пролета е на прагот ,а со неа и убавото време кое не мами на прошетки во природата,затоа еве неколку правила како да се однесуваме  за да ја сочуваме убавината која ни ја нуди природата .
НЕКОЛУ ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ ВО ПРИРОДАТА
1.Природата ја има се помалку и зато треба внимателно да го чуваме и почитуваме она што преостанало.
2.Најголема опасност за природата е однесувањето на луѓето,затоа треба да се внимава како се однесуваме во природа.
3.Не фрлај отпадоци каде што ќе стигнеш,ако нема корпа  за одпадоци во близина понеси ги отпадоците и фрли ги дома.
4.Не пали оган, внимавај на отпушоците .Секоја година горат илјадници хектари шума.
5.Ако собираш печурки,не корни ги, коренот треба да остане во земја .
6.Не крши гранки и не корни ги цвеќињата.
7.Природата е дом на дивите животни,тие се плашат од човекот ,а се помалку има простор каде би побегнале од него.Затоа во природа однесувај се како гостин ,не пречи им на домаќините.
8.Немој да ги рушиш гнездата на птиците и да ги собираш нивните јајца.
9. И змиите,пајаците,лилјаците и други животни имаат свое место во природата ,не убивај ги за свое задоволство.
10.Не користи возило  и ако забележиш некаква штета или опасност пријави во шумарската служба или во полиција.


Monday, March 12, 2012

Лековити зачини


 Зачините немаат готово никаква калориска вредност, така да можат да се користат за да се оплемени безвкусната диетална храна. Многу од нив, воглавно поради влијанието врз метаболизмот, во колку се конзумираат во правилни количини, се лековити.Во минатото биле привилегија само на богатите кои овие ароматични тревки ги плаќале со свила и злато. Со текот на времето станале достапни на сите луѓе, за да некои од нив станат клучни симболи на некои национални кујни. 
Еве некој од нив:
1.Оригано
Природен антибиотик и средство за искашлување, средство за ширење на бронхиите, а корисен е и против грчеви. Својата лековитост ја покажува и кај воспаление на синуси, особено хроничната болка во грлото, неспецифично воспаление на увото, настинка, вироза, грип и долготрајни тегоби со носот како и кај воспаление на мочниот меур.
Детоксицира, ги закрепнува ткивата, ублажува болки. Корисен е при кашлица, го подобрува системот за варење и го поттикнува потењето.
2. Босилок
Корисен е кај болести на мочните патишта, го спречува белото прање, го лекува заболениот црн дроб, делува смирувачки. Босилокот исто така ја отсранува несоницата и ја ублажува нервозата, го поттикнува апетитот, а младите мајки доилки секако би требало да пијат чај од босилок бидејки поттикнува создавање на млеко.
3. Рузмарин
Добар е за лекување на полесни тегоби на црниот дроб, проблеми при лачење на жолчката, и проблеми во метаболизмот. Се препорачува за лекување на ревматиоидниот артритис и лоша периферна циркулација. Рузмаринот, поккрај тоа е и благ антисептик и средство кое го поттикнува заздравувањето на рани.
4. Црн бибер
Се користи за поттикнување на работата на органите за варење, против воспаление на грлото, висока температура и хемороиди. 

5. Анасон 

Сувата билка има карактеристичен мирис и остар ароматичен вкус.
Во народната медицина плодовите од сите видови анасон се употребуваат против подуен стомак, болки во желудникот и цревата и за подобро варење на храната. Исто така, анасонот се користи и при заболувања на дишните патишта: воспаление на грло, бронхит, бронхијална астма. Како дезинфекционо средство, чајот од анасон се препорачува за испирање на грлото и устата.

6. Жалфијата .
 Ароматична билка со пријатен мирис и помалку горак вкус. се користи како додаток на сосови, јадења од јагнешко и свинско месо. Во специјалитетите од Средниот Исток како додаток во ќебапот. Жалфијата се смета за една од најлековитите билки. Еден од најголемите детоксикатори на организмот, ја прочистува крвта, го подобрува варењето, ја намалува температурата, ја ублажува главоболката и нервната напнатост, има антисептичко дејство.

7.Ловоров лист.
Ловорот ги одбива инсектите, така добро е да го ставите во садовите со брашно, на пр. Ловоровата тинктура е одличен народен лек за повредени тетиви, исчашувања, реаума, истегнувања на мускулатурата како и кај парализираност за масажа.

8. Коријандерот .
  Еден од најстарите зачински билки, со потекло од југоисточна Европа,дури се споменува и во библијата, во книгата за Мојсеј. Се користи како додаток и на солени и на слатки јадења. Го има во кари зачинот. Лековито дејство, го подобрува  забрзува варењето на храната.

9.Мајчина душица.
 Билка која самото народно име покажува колку е омилена со векови кај нашиот народ. Се користи како зачин, конзерванс (природен конзерванс за правење на колбаси), атисептичко средство. Кај нас со векови се употребува , пред се како лек за органите за варење.(сите стомачни проблеми) како и лек за намалување на нервната напнатост. Мајкината душица се дава и против цревни паразити особенокај дечјата глиста (ascaris lumbricoides).

10. Нане .
 Се додава во масните и тешки јадења го олеснува варењето. Во ликери сладоледи,итн. Во македонската кујна се додава во грав, кој е високо протеински и со додатокот на нане се избегнува тешкото варење. Лековито дејство- има благо седативно дејство, го поттикнува апетитот и ги ублажува стомачните тегоби, особено е делотворно кај жолчните тегоби. При дијареи, е првато прирачно средство кое се наога во секое домакинство.

11. Магданос.
 Најпозната и најмногу користена зачинска билка со многу разноврсна примена. Може да се користи практично во сите јадења. Најдобро е кога се додава на крај од припремата на јадењето или како декорација за да се зачуваат сите лековити својства. Магданосот е богат со витамин А, Б1, Б2, Ц и Е. Го намалува притисокот, диуретик го засилува исфрлањето на течности, што значи го чисти организмот од токсини, ги смирува нервите, ги ублажува болките особено менструалните.
12.  Целер.
Како зажин се користи коренот и листовите. Листот има широка примена исто како и магданосот. Лековитоста се изразува со тоа што го снижува крвниот притисок и ги ублажува ревматските тегоби.

13. Рен .
 Корен кој има двократна поголема содржина на витамин Ц од лимонот, витамини од групата на Б, калиум, калциум, антибиотски состојки и етерично масло кое делува антибактеријски, го спречува залепувањето на крвните плочки(тромбоцитите), ја подобрува дигестијата. Тој е рубифациент, те ја загрева кожата, ги шири капиларите, ја зголемува прокрвавеноста со тоа ги ублажува болките кои настануваат при артритис. Добар е против инфекции, кај дијабетичарите одличен додаток како зачин, затоа што помага при нарушувањата на функционирањето на панкреасот.

14. Лукот.
 Делува како антисептик, против настинка, кашлање и бронхитис, инфекции во органите за варење. Ги прочистува крвните садови и го снижува крвниот притисок.

15.Чубрица.
 Зељаста ароматична билка. се употребува како зачин особено кај масните јадења, особено кај јадењата со махунарки како што се грав, грашок, леќа.. Лековито дејство- го зголемува лачењето на стомачните сокови, ја ублажува надуеноста, го прочистува организмот, ги ублажува тегобите на органите за варење. Кај нас во Македонија особено имаат традиција за примена на овој зачин во Малешевскиот крај.
16..Ѓумбирот.
 Потекнува од тропските краеви на Азија. Се колристи како зачин за печурки, месо и риба, ориз, колачи. Лековитото дејство се состои во поттикнувањето на лачење на стомачни сокови, има антисептичко дејство, ја смирува кашлицата и настинката. Познато е дека чајот од ѓумбир ги намалува утринските мачнини кај хормонските промени во текот на бременоста и менопаузата. Доволна е една шоља од овој чај наутро на глаадно, а потоа во текот на денот пијте чај од нане и вашиот проблем со мачнината ќе изчезне.
 
17.Каранфилче .
Исушени цветни пупки од тропското дрво, со пријатен мирис сличен на каранфил. Во минатото многу користен во слаткарството , но денес се помалку. Лековито својство се смета дека каранфилчето делува антисептично. Проверено помага кај забоболката и воспаление на непцата, треба да се изџвака каранфилче и болката ке се намали.

18.Морско оревче .
Плод на тропско дрво со потекло од Молучките Острови, кое изрендано се додава на слатки. Лековито деејство, го олеснува варењето, делува против дијареа и мачнини, а има и благо смирувачко дејство.

19. Цимет.
 Ароматична кора на тропско дрво со црвена боја, со пријатен мирис и вкус. Се додава како кора или во прав во слаткарски производи. Лековито дејство- изузетно ја подобрува циркулацијата. Некои понови истражувања на американски научници откриле дека конзумација само на пола мало лажиче цимет дневно ја намалува концентрацијата на шеќер во крвта кај дијабетичарите бидејќи активните состојки на комлексот на олигомери те катехин и епикатехин во циметот го активираат инсулинот и делуваат заеднички со инсулинот. Експериментало е докажано дека ја снижува и количината на мастите и лошиот холестерол  во крвта. Циметот има и фунгицидно дејство, ги уништува гљивиците и го спречува нивниот раст.

ЕКО ПОРАКИ



 Не фрлај го 
ѓубрето секаде
и во сите моменти.
Корпата за отпадоци
чека свои клиенти.

Киселите дождови се солзи на опомена  која природата му ги  испраќа на човекот.

 
Очекувам еден ден човекот кога ќе ја погледне природата да поцрвени од срам.

Човекот низ времето ја припитомил природата , но самиот во меѓувреме „подивел„.

 
Наскоро воздухот ќе биде толку загаден  така што ќе дишеме на сопствена одговорност.



Човекот и припаѓа на природата , а не природата на човекот.



Капката утринска роса е толку прекрасна ,што вечноста  не и потребна.