ПРИСТИГНА ПРОЛЕТТА
Денес во 6 часот и 24 минути пристигна пролетта.
Збогум на зимата, следуваат вистински пролетни денови
Внимавајте на синдромот пролетен умор кој и покрај доволно квалитетен сон, влијае на вашата работна способност, концентрација, расположение.Една од причините е несоодветната исхрана која за време на зимскиот
период обично се базира на смрзнато или отстоено овошје или зеленчук и
истоличната исхрана. Притисокот се спушта поради недостаток на витаминот
Ц, кој е задолжен за кислородот во ќелиите и ткивата.Поради тоа ни
“паѓа“ имунитетот, склони сме на вирозни заболувања и вечно уморни до
таа мерка дека се изморуваме и после кратка прошетка.
За да ги избегнете овие несакани состојби, организирајте си го животот
така да станувате порано, раздвижувајте се, прошетајте го кучето, одете
на работа со велосипед или пешки.
Појадувајте обилно, ручајте зеленчук, изберете некој производ за
будење(цимет, банана, лешник, мед) за ужина и прескокнете ја вечерата.
После пладне пред телевизорот заменете го со прошетка или вежбање.
Навечер легнете си порано, по можност секоја ден во исто време, за да се
одморите за истиот ритуал следниот ден.
No comments:
Post a Comment