Monday, March 12, 2012

Лековити зачини


 Зачините немаат готово никаква калориска вредност, така да можат да се користат за да се оплемени безвкусната диетална храна. Многу од нив, воглавно поради влијанието врз метаболизмот, во колку се конзумираат во правилни количини, се лековити.Во минатото биле привилегија само на богатите кои овие ароматични тревки ги плаќале со свила и злато. Со текот на времето станале достапни на сите луѓе, за да некои од нив станат клучни симболи на некои национални кујни. 
Еве некој од нив:
1.Оригано
Природен антибиотик и средство за искашлување, средство за ширење на бронхиите, а корисен е и против грчеви. Својата лековитост ја покажува и кај воспаление на синуси, особено хроничната болка во грлото, неспецифично воспаление на увото, настинка, вироза, грип и долготрајни тегоби со носот како и кај воспаление на мочниот меур.
Детоксицира, ги закрепнува ткивата, ублажува болки. Корисен е при кашлица, го подобрува системот за варење и го поттикнува потењето.
2. Босилок
Корисен е кај болести на мочните патишта, го спречува белото прање, го лекува заболениот црн дроб, делува смирувачки. Босилокот исто така ја отсранува несоницата и ја ублажува нервозата, го поттикнува апетитот, а младите мајки доилки секако би требало да пијат чај од босилок бидејки поттикнува создавање на млеко.
3. Рузмарин
Добар е за лекување на полесни тегоби на црниот дроб, проблеми при лачење на жолчката, и проблеми во метаболизмот. Се препорачува за лекување на ревматиоидниот артритис и лоша периферна циркулација. Рузмаринот, поккрај тоа е и благ антисептик и средство кое го поттикнува заздравувањето на рани.
4. Црн бибер
Се користи за поттикнување на работата на органите за варење, против воспаление на грлото, висока температура и хемороиди. 

5. Анасон 

Сувата билка има карактеристичен мирис и остар ароматичен вкус.
Во народната медицина плодовите од сите видови анасон се употребуваат против подуен стомак, болки во желудникот и цревата и за подобро варење на храната. Исто така, анасонот се користи и при заболувања на дишните патишта: воспаление на грло, бронхит, бронхијална астма. Како дезинфекционо средство, чајот од анасон се препорачува за испирање на грлото и устата.

6. Жалфијата .
 Ароматична билка со пријатен мирис и помалку горак вкус. се користи како додаток на сосови, јадења од јагнешко и свинско месо. Во специјалитетите од Средниот Исток како додаток во ќебапот. Жалфијата се смета за една од најлековитите билки. Еден од најголемите детоксикатори на организмот, ја прочистува крвта, го подобрува варењето, ја намалува температурата, ја ублажува главоболката и нервната напнатост, има антисептичко дејство.

7.Ловоров лист.
Ловорот ги одбива инсектите, така добро е да го ставите во садовите со брашно, на пр. Ловоровата тинктура е одличен народен лек за повредени тетиви, исчашувања, реаума, истегнувања на мускулатурата како и кај парализираност за масажа.

8. Коријандерот .
  Еден од најстарите зачински билки, со потекло од југоисточна Европа,дури се споменува и во библијата, во книгата за Мојсеј. Се користи како додаток и на солени и на слатки јадења. Го има во кари зачинот. Лековито дејство, го подобрува  забрзува варењето на храната.

9.Мајчина душица.
 Билка која самото народно име покажува колку е омилена со векови кај нашиот народ. Се користи како зачин, конзерванс (природен конзерванс за правење на колбаси), атисептичко средство. Кај нас со векови се употребува , пред се како лек за органите за варење.(сите стомачни проблеми) како и лек за намалување на нервната напнатост. Мајкината душица се дава и против цревни паразити особенокај дечјата глиста (ascaris lumbricoides).

10. Нане .
 Се додава во масните и тешки јадења го олеснува варењето. Во ликери сладоледи,итн. Во македонската кујна се додава во грав, кој е високо протеински и со додатокот на нане се избегнува тешкото варење. Лековито дејство- има благо седативно дејство, го поттикнува апетитот и ги ублажува стомачните тегоби, особено е делотворно кај жолчните тегоби. При дијареи, е првато прирачно средство кое се наога во секое домакинство.

11. Магданос.
 Најпозната и најмногу користена зачинска билка со многу разноврсна примена. Може да се користи практично во сите јадења. Најдобро е кога се додава на крај од припремата на јадењето или како декорација за да се зачуваат сите лековити својства. Магданосот е богат со витамин А, Б1, Б2, Ц и Е. Го намалува притисокот, диуретик го засилува исфрлањето на течности, што значи го чисти организмот од токсини, ги смирува нервите, ги ублажува болките особено менструалните.
12.  Целер.
Како зажин се користи коренот и листовите. Листот има широка примена исто како и магданосот. Лековитоста се изразува со тоа што го снижува крвниот притисок и ги ублажува ревматските тегоби.

13. Рен .
 Корен кој има двократна поголема содржина на витамин Ц од лимонот, витамини од групата на Б, калиум, калциум, антибиотски состојки и етерично масло кое делува антибактеријски, го спречува залепувањето на крвните плочки(тромбоцитите), ја подобрува дигестијата. Тој е рубифациент, те ја загрева кожата, ги шири капиларите, ја зголемува прокрвавеноста со тоа ги ублажува болките кои настануваат при артритис. Добар е против инфекции, кај дијабетичарите одличен додаток како зачин, затоа што помага при нарушувањата на функционирањето на панкреасот.

14. Лукот.
 Делува како антисептик, против настинка, кашлање и бронхитис, инфекции во органите за варење. Ги прочистува крвните садови и го снижува крвниот притисок.

15.Чубрица.
 Зељаста ароматична билка. се употребува како зачин особено кај масните јадења, особено кај јадењата со махунарки како што се грав, грашок, леќа.. Лековито дејство- го зголемува лачењето на стомачните сокови, ја ублажува надуеноста, го прочистува организмот, ги ублажува тегобите на органите за варење. Кај нас во Македонија особено имаат традиција за примена на овој зачин во Малешевскиот крај.
16..Ѓумбирот.
 Потекнува од тропските краеви на Азија. Се колристи како зачин за печурки, месо и риба, ориз, колачи. Лековитото дејство се состои во поттикнувањето на лачење на стомачни сокови, има антисептичко дејство, ја смирува кашлицата и настинката. Познато е дека чајот од ѓумбир ги намалува утринските мачнини кај хормонските промени во текот на бременоста и менопаузата. Доволна е една шоља од овој чај наутро на глаадно, а потоа во текот на денот пијте чај од нане и вашиот проблем со мачнината ќе изчезне.
 
17.Каранфилче .
Исушени цветни пупки од тропското дрво, со пријатен мирис сличен на каранфил. Во минатото многу користен во слаткарството , но денес се помалку. Лековито својство се смета дека каранфилчето делува антисептично. Проверено помага кај забоболката и воспаление на непцата, треба да се изџвака каранфилче и болката ке се намали.

18.Морско оревче .
Плод на тропско дрво со потекло од Молучките Острови, кое изрендано се додава на слатки. Лековито деејство, го олеснува варењето, делува против дијареа и мачнини, а има и благо смирувачко дејство.

19. Цимет.
 Ароматична кора на тропско дрво со црвена боја, со пријатен мирис и вкус. Се додава како кора или во прав во слаткарски производи. Лековито дејство- изузетно ја подобрува циркулацијата. Некои понови истражувања на американски научници откриле дека конзумација само на пола мало лажиче цимет дневно ја намалува концентрацијата на шеќер во крвта кај дијабетичарите бидејќи активните состојки на комлексот на олигомери те катехин и епикатехин во циметот го активираат инсулинот и делуваат заеднички со инсулинот. Експериментало е докажано дека ја снижува и количината на мастите и лошиот холестерол  во крвта. Циметот има и фунгицидно дејство, ги уништува гљивиците и го спречува нивниот раст.

No comments:

Post a Comment