Saturday, March 3, 2012

Химна на природата

“Кога Големиот поглавица од Вашингтон ни испраќа глас за да ја купи нашата земја – тогаш тој премногу бара од нас.Како може да се купи небото и топлината на земјата?
Таа идеја нас ни е сосема непозната.Ние не сме сопственици на свежината на воздухот и на бистрината на водата. Па,како тогаш вие можите да ги купите? Секое делче на оваа земја е свето за мојот народ. Секоја сјајна борова игличка, секое зрно песок во реката,секој прамен на измаглицата во темнината на шумата,се свети во мислите и во животот на мојот народ. Соковите во дрвото се исткаени со сеќавањата на црвениот човек. Кога мртвите бели луѓе ќе одат во прошетка меѓу
звездите забораваат на земјата која им дала живот. Нашите мртви никогаш не ја забораваат својата преубава замја,бидејќи таа е нивната мајка. Дел сме од земјата и таа е дел од нас!
Мирисните треви ни се сестри. Еленот, пастувот, големиот орел – ни се браќа.
Планинските врвови, сочните пасишта,топлото мустангово тело и човекот – се припаѓа
на исто семејство. Кога Големиот поглавица од Вашингтон испраќа глас дека од нас сака да ја
купи нашата земја – премногу од нас бара. Големиот поглавица ни порачува дека ќе ни најде место на кое убаво ќе живееме. Тој ќе ни биде татко – ние него деца. Ќе ја разгледаме таа понуда за купување на нашата земја. Но, тоа нема да биди лесно. Оваа земја ни е света.
Оваа блескава вода која тече во реките не е само вода,ами и крвта на нашите предци. Ако ви ја продадеме земјата морате да знаете дека оваа вода е света, морате да им кажите на своите деца дека е света. Дека секој одраз во бистрото езеро кажува некоја настан и спомен од
животот на мојот народ.Жуборот на реката – глас е на таткото на мојот татко. Реките се
нашите браќа – ни ја гаснат жедта. Реките ги носат нашите кануа. Ни ги хранат децата. Ако ви ја продадеме оваа земја морате да се сетите и да ги учите своите деца дека реките се наши,а и ваши браќа. Затоа на реките морате да им пружите добрина каква што би му пружиле на
својот брат. Знаеме дека белиот човек не не разбира. Него секој дел одземјата му е ист. Тој е странец кој доаѓа ноќе и одзема од земјата се што му треба: земјата не му е брат ами – непријател. Кога ќе ја покори продолжува понатаму. Ги остава зад себе гробовите на своите
татковци и не се грижи за тоа. Им ја одзема земјата на своите деца и не се грижи за тоа. Гробовите на неговите татковци и земјата која му ги раѓа децата – ја заборава. Кон Мајката – Земјата и кон Братот –Белиот човек  се однесува како кон предмети кои можат да се купат,
опљачкаат,да се продадат како стока или сјаен накит. Со својата алчност ќе ја уништи земјата и зад себе ќе остави пустош.Не знам! Нашиот начин на живот се разликува од вашиот. 
Од погледот на вашите градови црвениот човек го заболуваат очите. Тоа е можеби затоа што црвениот човек е див и не ги разбира работите. Во градовите на белиот човек нема мирен човек, нема мирно ќоше. Нема место на кое би се слушнало отворањето на листот во пролет или треперењето на крилото на мушичката. Можеби затоа што сум див –едноставно не разбирам. Бучавата ми ги вреѓа ушите. Што му вреди животот на човекот ако не можи да го слушни крикот на козорогот или ноќната кавга на жабите во барата? Јас сум црвен човек и не
разбирам многу…Индијанецот го сака звукот на ветерот кога се поигрува на површината на мочварата. И мирисот на поветерецот освежен од попладневниот дожд или од боровинката.
Најголемо богатство на црвениот човек е ветерот. Се што е живо дели ист здив – животните, дрвото, човекот. На сите тој здив им е потребен. Белиот човек како да не го приметува тој здив кој говдишува. Како некој кој е долго на смртничка постела, не ја чувствувасмрдеата. Ако ви ја продадеме земјата морате да се сетите дека воздухот ви е драгоцен, дека тој го дели својот здив со се што е живо.Ветерот кој на мојот дедо му го дал првиот здив – ќе го прифати и неговиот последен здив. Аko ви ја продадеме земјата, морате да ја чувате како светиња. Како место на кое и белиот човек ќе можи да го вдиши ветерот засладен со мирисот на полското цвеќе. Ќе ја
разгледаме вашата понуда за купување на земјата.Ако се одлучиме да ја продадеме,ќе мора да го исполните овај услов: белиот човек ќе мора да се однесува кон животните од овој дел
како кон свои браќа! Див сум и не разбирам поинаков живот. Сум видел по прериите илјадници бизони убиени од белиот човек,пукајќи од "огнениот коњ" во галоп. Див сум и не разбирам како "железниот коњ од кој излегува чад" можи да биди поважен од живиот бизон. Што е човекот без животни? Кога животните би исчезнале, човекот би умрел од осаменост на духот. Она што ќе му се случи на животните, набрзо ќе го снајде и човекот. Се во светот е
поврзано. Морате да ги учите своите деца дека под нозете им е пепелта на нашите дедовци. За да ја почитуваат земјата, ќе им кажете дека таа е богата со животот на нашите предци.
Ќе морате да ги научите вашите деца,како што и ние ги учиме нашите – дека земјата ни е мајка. Што ќе ја снајде земјата – ќе ги снајде и нејзините деца. Ако човекот плука на земјата –плука на себе самиот. Земјата не му припаѓа на човекот – човекот му припаѓа на земјата.Тоа добро го знаеме. Се е во меѓусебна врска, како што е и семејството крвно соединето. Се е поврзано.Не е човекот творец на разбојот на животот,туку е само влакно во него. Што ќе му направи со разбојот – прави со себе.Дури ни белиот човек чии што Бог истапува и со него зборува како сопријател,нема да ја избегне заедничката судбина. Можеби сепак сме браќа. Ќе видиме!Едно знам со сигурност,а тоа е дека белиот човек мора да сфати:
имаме ист Бог. Можи да мислите дека него го поседувате, како што сеспремате да ја земите целата наша земја.Но,не можите! Тој е Бог, луѓе и неговата милост е еднаква и за црвениот и за белиот човек.Оваа земја него му е се. Ако ја оскрнавите, исто е како да го мразите тој
што ја создал. Белиот човек ќе исчезне, можеби и побрзо од останатите племиња. Самите го валкате својот кревет и еден ден ќе се удавите во сопственото ѓубре. Во своите настојувања ќе
горите во огнот на Господ кој ве донесе овде и со некоја необјаснива намера ви дал власт над оваа земја и црвениот човек. Таквата судбинаспоред нас е бедна.
Не разбирам зошто се убиваат бизоните? Зошто се кротат дивите коњи? Зошто во длабочината на шумите има толку човечка смрдеа?
Зошто погледот на зелените брегови е пресечен со жици кои зборуваат? 
Каде се елените? Ги нема повеќе. Каде е орелот?  Одлетал.
На вистинскиот живот му дојде крај. Почнува борбата за   опстанок."


Ова писмо го испратил поглавицата Сијетл во 1854 година  на председателот Френклин кога тој им понудил на индијанските племиња да им ја откупи земјата на која живееле.Длабочината и убавината на зборовите и огромната љубов кон природата   која на поетичен начин  е искажана во ова писмо сметам дека треба да допре до сите и да му се оддаде посебна почит на човекот кој многу оддамна го предупредил човештвото за еколошката катастрофа која му предстои.
Овој посебен човек  е роден околу 1790год. и бил поглавица на индијански племиња кои живееле на пацифичката обала во денешната држава Вашингтон. Околу 1850година мали групи на белци почнале да се населуваат на неговата територија. Тој ги дочекал пријателски и живеел со нив во мир.Круна на нивните добри односи била и иницијативата на белите доеселеници во негова чест градчето на обалата на морето, во заливот Елиот да го наречат според него, Сијетл. Денес Сијетл е еден од најзначајните градови во Америка.
Занимливост поврзана со поглавицата Сијетл е дека се обидувал
донекаде да го научи и прифати животот на белците. Го примил
христијанството и бил многу ревносен верник. Умрел 1866 година.

No comments:

Post a Comment