Saturday, March 3, 2012

Батерии
Иако постои разлика во хемискиот состав кај различните типови батерии,
најголемиот број од нив содржат тешки метали кои се главната причина за
загриженоста поврзана со животната средина. Ако батериите се
несоодветно отстранети, овие тешки метали може да се најдат во почвата
при кородирањето на батериите. Ова придонесува за загадување на
почвата и на водата и загрозување на живиот свет. Кадмиумот на пример,
може да биде токсичен за водните безрбетници и да се акумулира во
рибите, што ги прави неподобни за исхрана на човекот. Некои батерии,
како на пример малите сплоснати батерии, исто така содржат жива која
има слични штетни карактеристики. Живата веќе не се употребува во
производството на батерии кои не можат повторно да се полнат, освен во
малите кружни батерии. Главните европски снабдувачи со батерии нудат
батерии без жива од 1994 година.
Типови батерии
Има многу типови батерии што се користат во домаќинствата за различни
намени. Најупотребувани се три типа батерии: влажни батерии(акумулатори), суви батерии што не се полнат и суви батерии што се полнат.Влажните батерии, односно оловните акумулатори со киселина се употребуваат во превозните средства и во индустријата.
Сувите батерии што не се полнат се најчесто употребуваните типови батерии во домаќинствата. Тука спаѓаат батериите:
• цинк-карбон се употребуваат за џебни батерии, часовници, апарати
за бричење и за радиоапарати,
• цинк-хлорид имаат слична примена,
• алкални батерии (во составот содржат алкални елементи и манган) се
употребуваат во музички системи, радиоапарати. Помалку склони кон
истекување во споредба со горните два типа и подолго траат.
• примарни кружни батерии: со живин оксид - се употребуваат во
апаратчиња за слушање, пејсмејкери, фотографска опрема, нивна
алтернатива се батериите со цинк; со сребрен оксид - се употребуваат
за електронски часовници и дигитрони; со литиум - се употребуваат за
часовници и за фотографска опрема.
Сувите батерии што се полнат, се употребуваат во сите погоре наведени случаи, а ги вклучуваат батериите од типот никел-кадмиум, никел метал хидрид и литиум-јон, кои се употребуваат во електрични алати, мобилни уреди, во мобилни телефони и друго.
Никел кадмиум- батериите (NiCd) се употребуваат за подвижни електрични алати, музички системи, безжични телефони, лап-топ компјутери, апарати за бричење, електрични играчки. Нивниот животен век е 4-5 години. 90% од кадмиумот што го внесува човекот во природата
преку своите активности, потекнува од NiCd - батерии.Никел метал хидрид-батериите (NiMH) претставуваат варијанта на NiCd-батериите, кои се помалку штетни за животната средина и имаат подолгпериод на траење.Литиум јон- батериите имаат поголем капацитет отколку NiCd и NiMH-батериите.Употребата на батерии што можат да се полнат, го намалува бројот на
батериите кои треба да бидат отстранети од домашниот отпад. Батериите што содржат тешки метали, како на пример, NiCd- батериите, сè повеќе се заменуваат со нивните помалку штетни варијанти. Освен со кадмиум, одредени батерии ја загадуваат животната средина и со жива и цинк.Поради штетноста на овие метали, но и поради можноста тие да бидат употребени како секундарни суровини, батериите треба да се собираат одделно од преостанатиот отпад и да бидат рециклирани. За овој процес постојат добро утврдени методи за најголемиот дел од батериите кои содржат олово, никел-кадмиум, никел хидрид и жива. За некои од поновите никел хидрид и литиум батерии, технологиите за рециклирање се во почетна фаза.

Практичен совет:
  •  Купувајте батерии што се полнат. Ова не само што го намалува отпадот од батерии во домашниот смет, туку штеди и енергија, бидејќи енергијата потребна за да се произведе една батерија е просечно 50 пати поголема од енергијата што ја дава таа.

  • Не  ги фрлајте старите батерии  со обичниот отпад .
За таа цел нашите ученици изработија посебни канти кои ги поставивме во холот на нашето училиште ,ги запознавме учениците со потребата  за собирање и можноста за рециклирање на старите батерии  и тоа мошне успешно се спроведува во нашето училиште.

No comments:

Post a Comment