Friday, March 2, 2012

Есеј за природата


Есеј за природата
 
            Не знам за други,но мене никој на светот не ми дарувал толку многу колку ПРИРОДАТА. Таа од се срце дава и небара за возврат ништо друго освен љубов!


Секогаш ми паѓа тешко кога неможам да и отидам на гости, а откако ќе ја посетам никогаш не сум се враќала со празни раце.  Почнувајќи од првите пролетни цвеќиња: кукурек,кокичиња,темјанушки преку здравецот и булките па се до розевите пеперуткини ливчиња растрчкани низ шумата и жолтата детелина која опстојува меѓу пукнатините на карпите- таа ѕвезден буќет дари. И боровинки,јаготки,дренки,капини,лешници... А пак чаеви?! Зар не е чудно и несватливо да се влезе во самопослуга и да се купи чај, а исти такови чаеви со тони растат и пропаѓаат во нашите шуми,ливади и гори: од мајчина душичка, липа, кантарион, планински чај... до плодовите од шипот,сето тоа го има во изобилство!
Дури и да не најдеш ништо од она што го набројав, да се вратиш дома со ,,празни,, раце, градите ќе ти бидат полни со чист воздух, очите полни со убавина, душата со спокојство,а срцето со одморен ритам, уште долго време ќе затреперува од преубавите звуци на птиците, и тивкиот жубор на планинскиот поток.
Ние децата , учениците, секогаш сме вклучени во акциите на заштита на природата и природните убавини. Нели?
Секојдневно во нашето  училиште има акции за собирање на „Стара хартија“.
Ние учениците со рециклирањето дадовме голем придонес  кон разубавувањето на природата, на животната средина. Мал придонес од големо значење!
Како? Многу едноставно:
Дневно во светот се трошат огромни количества разновидна хартија. Насекаде на Земјината топка па и кај нас.
Тони и тони хартија ќе се искористи за некаква намена и потоа што?
Би добиле тротоари „Спакувани во хартија“, паркови прекриени со хартија, хартиени дворови, улици обвиткани со хартија, тревните површини би се претвориле во хартиени, и – да не набројуваме повеќе.
Замислите целата Земјина топка да биде прекриена со хартија!?
Тоа сигурно нема да го дозволиме!
Затоа рециклирајте за да го сочуваме животот на планетата Земја.
                                                                                                        
Тијана Додов      7б

4 comments:

  1. Г-н Бенджамін падышоў і вышэй за свае патрабаванні, каб дапамагчы мне з маёй пазыкай, якую я выкарыстаў, каб пашырыць свой аптэчны бізнес, яны былі дружалюбнымі, прафесійнымі і абсалютнымі каштоўнымі камянямі для працы. Я рэкамендую ўсім, хто шукае крэдыт, звяртацца. Lfdsloans@outlook.com.WhatsApp ... +19893943740.

    ReplyDelete